Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИРАН: Бројот на жртви се зголеми, има и 750 повредени

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИРАН: Бројот на жртви се зголеми, има и 750 повредени

Бројот на жртви во експлозијата во иранското пристаниште се искачи на 14, а шест се водат како исчезнати. Некои од повредените се во тешка состојба. 

Бројот на жртвите од силната експлозија во пристаништето Шахид Раџаи во близина на градот Бандар Абас во јужен Иран се искачи на 14, а 750 се повредени, јави државната новинска агенција ИРНА.

Експлозијата, чиј ударен бран се почувствува во радиус од 50 километри, предизвика значителна штета и на пристанишнтето.

Претседателот Масуд Пезешкијан нареди целосна истрага за причините за инцидентот и најдобар можен третман за тешко повредените.

Шахид Раџае, во близина на големиот град Бандар Абас, се наоѓа во една од најважните економски зони во Иран, каде што се одвива повеќе од една третина од иранската поморска трговија.


Слично

Поврзани вести