Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Париз: Гори „Радио Франс“

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Париз: Гори „Радио Франс“

Во центарт на Париз, во просториите на „Радио Франс“ одекнала експлозија.

Црн дим излегува од работната зграда во која се наоѓаат канцлариите на овј медиум.

Пожар денеска избил на седмиот кат во познатата „Куќа на радиото“, големата зграда во Париз во која се сместени неколку медиуми.

Пожарникарите рекле дека пожарот избил на седмиот кат кој се реновира и дека вработените се брзо евакуирани од зградата од која излегувал густ, црн дим.

Две радио станици „Франс инфо“ и „Франс Интер“, ја прекинле програмата поради пожарот.

Засега нема извештаи дали некој е повредени, наведува извор од полицијата.

Шефот на противпожарната служба Габриел Плус за француската агенција изјавил дека на местото на настанот се пратени 16 пожарникари.

Слично

Поврзани вести