Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Eксплозија во Будимпешта, има повредени

ВИДЕО: Eксплозија во  Будимпешта, има повредени

Силна експлозија го потресе синоќа центарот на градот Будимпешта, во Унгарија. 

Таа се случи во подрум на зграда со канцеларии, сместена на крстосница во градот, соопшти Унгарската агенција за катастрофи, цитирана од американските медиуми.

Две лица се повредени, а потоа се примени во болница. Подоцна стана јасно дека станува збор за полицајци кои вршеле патрола во моментот на експлозијата.

Полицијата и спасувачките служби ја блокираа областа околу Музичката академија „Франц Лист".

Експлозијата не предизвика пожар. Засега нема информации кои се причините за појава на експлозијата. 

Телевизијата „Ај Ти Ви", цитирана од агенциите, пишува дека причината е истекување на гас. 




Слично

Поврзани вести