(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА НА КРИМ: Гувернерот на Севастопол тврди дека проектилот експлодирал во поле
Експлозија имаше на Крим во близина на руски магацини за оружје, а Русите велат дека нема штета.
Михаил Развозаев, гувернер на окупираниот Севастопол назначен од Русија, на својот канал на Телеграм објави дека проектил е соборен во областа Кара-Коба и се чини дека експлодирал во поле.
„Никој не е повреден, нема оштетувања ниту на инфраструктурата“, објави тој.
На местото на настанот немало пожар, јавува руската државна новинска агенција Тасс. Севастопол е главната база на руската Црноморска флота, а градот повремено е изложен на украински напади.
На 22 септември силите на Киев извршија ракетен напад врз седиштето на Црноморската флота. Руското Министерство за одбрана тогаш објави дека системот за противвоздушна одбрана соборил пет проектили за време на нападот.Руска ракета погоди станбена зграда во украинскиот град Запорожје, при што загинаа најмалку двајца цивили, а пет се ранети. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 600 дена.
Видеото можете да го видите тука.
