Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ГО ПОТРЕСЕ ПАРИЗ: Повредени се најмалку 25 луѓе

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ГО ПОТРЕСЕ ПАРИЗ: Повредени се најмалку 25 луѓе

Силна експлозија го потресе францускиот град Париз. Најмалку 25 луѓе се повредени, од кои седум сериозно. Експлозијата се случи во зграда близу црквата „Вал де Грас“, при што зградата се запали и дел од неа се урна.

Според очевидците, пред експлозијата можел да се почувствува силен мирис на гас. Обвинителите кажаа дека причината за експлозијата засега не е утврдена.

Во уништената зграда се наоѓаа меѓународно училиште за дизајн и седиштето на Католичкиот образовен систем. Во тек е голема спасувачка операција, зашто постои можност да има жртви под урнатините.

„Пожарот што избувна по експлозијата е ставен под контрола“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги повика граѓаните на Париз да ја избегнуваат областа околу улицата каде што се случи експлозијата. Во овој дел на градот обично има туристи. 

foto AFP


Слично

Поврзани вести