Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО:Експлодираше рафинерија во Мексико, над 100 повредени

ВИДЕО:Експлодираше рафинерија во Мексико, над 100 повредени

При експлозија во рафинерија за нафта во југоисточната мексиканска сојузна држава, Веракруз се повредени 105 лица, а тројца загинаа.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/OjMnxSTIdKI[/embed]

Експлозијата избила во погон на државната нафтена компанија „Пемекс“ во пристанишниот град Коацакоалкос. Таа е почувствувана во радиус од 10 километри. Од 105-те повредени лица, 58 се вработени во фабриката. Властите наредија евакуација на стотици лица и затворање на сите училишта во градот. Очевидци  изјавиле дека делови од рафинеријата биле прекриени од големи пламени оган и густ чад. Претставник на „Пемекс“ вели дека делот од рафинеријата каде се случила експлозијата бил управуван од нејзината сестринска компанија „Мексихем“. Тврди дека експлозијата нема да предизвика застој во извозот на нафта.

Во 2012 година при експлозија во погон за гас на „Пемекс“ загинаа 33 лица, а една година подоцна при експлозија во седиштето на компанијата во Сиудад Мексико животите ги загубија 37 луѓе. Во последниве години имало и неколку пожари и експлозии на платформи за вадење нафта на „Пемекс“ во Мексиканскиот Залив.

Слично

Поврзани вести