Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ексклузивно ВИДЕО: Спасување на преживеаните од рускиот Ми-8 кој падна во Сибир! 

(ВИДЕО) Ексклузивно ВИДЕО: Спасување на преживеаните од рускиот Ми-8 кој падна во Сибир! 

Првото видео од местото каде што се урна транспортниот хеликоптер „Ми-87“ го објави „Lifenews.ru“.

Инцидентот се случи пред неколку часа на подрачјето на Краснојарската покраина на истокот од Сибир.

Според податоците на компанијата „Турухан-авиа“ врската со хеликоптерот била изгубена на 12-та минута по неговото полетување. Тоа бил последниот хеликоптер кој требало да промени работници на компанијата „Ванкор-Нафта“.

Според податоците на западносибирското транспортно обвинителство загинатите во инцидентот се 15 лица, според службите за вонредни ситуации во регионот жртвите се 10 лица. Во хеликоптерот имало 26 патници и 4 членови на екипажот.

Претходно беше соопштено дека најверојатната причина за падот на хеликоптерот е техничка неисправност.

Сѐуште за случајот се води истрага.

Хеликоптерот паднал во заледената река Јанисеј, и евакуацијата е во тек, меѓутоа лошите временски услови и снег ја отежнуваат потрагата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/eEnWVbmVqhY[/embed]
Слично

Поврзани вести