(ВИДЕО) Екс украинска пратеничка на интервју почна да плаче и бара Западот да ги спаси украинските деца од Путин
Eкс украинската пратеничка Хана Хопко се расплака за време на интервјуто за американската телевизија „MSNBC“. За хуманитарната криза во украинските градови, особено во градот Мариупол, каде едно дете почина од дехидрација, Хопко плачеше и го повика Западот да реагира.
Таа повика да го запрат рускиот претседател Владимир Путин, да го запрат непријателот.
„Нема објаснување. Ова не е само едно дете. Ги видовте фотографиите. Не можеме само да гледаме колку Украинци умираат. Го молам Бајден, го молам Конгресот, помогнете и на нашата нација“, рече таа.
Ова се однесуваше за одбивањето да се воведе забрана за летање над Украина. Хопко рече дека и во минатото Украинците страдале од глад, и повика САД да покаже лидерство.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека дете во Мариупол починало од жед. Во градот нема вода и струја.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
фото Принтскрин
