Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО МОСКВА ПРЕДИЗВИКА БУНТ: Aнтируски протест се одржа во Абхазија

(ВИДЕО) ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО МОСКВА ПРЕДИЗВИКА БУНТ: Aнтируски протест се одржа во Абхазија

Антируски протести се одржаа во Абхазија. 

Приврзаниците на опозицијата и полицијата во Абхазија денеска се судрија кога демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот во главниот град Сухуми.

Полицијата формира кордон за да ги спречи демонстрантите да продолжат кон зградата откако ја урнаа оградата во близина на парламентот. Во близина на зградата се слушнале звуци слични на истрели, пренесува РИА новости.

Демонстрациите избувнаа откако парламентот го откажа разгледувањето на ратификацијата на инвестицискиот договор со Русија, што беше закажано за тој ден.

Договорот, кој е потпишан на 30 октомври во Москва, им овозможува на руските компании да инвестираат во Абхазија, која се соочува со сериозни економски проблеми. 


Абхазија е делумно признаена република на Кавказ, која се отцепи од Грузија по војната во 1992–1993 година. Грузија ја смета Абхазија за дел од нејзината територија, но Абхазија прогласи независност. Ја признаа само неколку земји, меѓу кои Русија, Никарагва, Венецуела, Науру и Сирија. Грузија во оваа војна со Русија има многу жртви. 

Повеќето држави и Обединетите нации(ОН) ја сметаат Абхазија за дел од Грузија.

Абхазија добива економска помош од Русија бидејќи е меѓународно изолирана. Русија има воена присутност во Абхазија, со договори за заедничка безбедност и граница. Често се споменуваше дека по руската инвазија на Украина, Русија би можела да ја нападне Грузија.

Слично

Поврзани вести