Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕДНООКИОТ ЏИХАДИСТ: Овој човек стои зад нападите во Мали

(ВИДЕО) ЕДНООКИОТ ЏИХАДИСТ: Овој човек стои зад нападите во Мали

Афричката милитантна група „Al Murabitun“ ја превзеде одговорноста за вчерашните напади на хотелот „Радисон Блу“ во Бамакo.

Нивната база е во северниот дел на Мали каде се кријат бројни екстремистчки организации, а тие се состојат од Арапи.

Формирана е пред околу две години и нивниот водач е поранешниот водач на „Ал Каеда“ Мухтар Белмухтар. Освен за вчерашниот напад, оваа група ја презеде одговорноста и за нападот на еден ресторан во Бамакo во март, самоубиствен напад на припадниците на мировните сили на ОН во април и нападот на хотелот во средниот дел на земјата, во август кога загинаа 17 луѓе.

Пред само неколку дена водачот на Ансар Дине, уште една милитантна група од Мали поврзана со Ал Каеда во градот Магреба, повикал на напади во Франција и нејзините интереси во Мали, додека францускиот претседател Франсоа Оланд им објави војна на терористите.

Терористите ја обвинуваат Франција дека води христијанско угнетување во Мали и северниот дел на Мали.

Малиските власти уште минатата година ги замолиле ОН да пратат повеќе сили. Северен Мали поголем дел од 2012 година бил под окупација на исламистичките милитанти поврзани со Ал Каеда.

Франција во 2013 година подигна воена операција за нивно истерување, но нападите сеуште продолжуваат. Моментално во земјата има околу 1000 француски војници (во главниот град Бамако живеат околу 6000 француски државјани)

Француската воена интервенција се случила поради одржување на каква-таква стабилност во таа западноафричка земја и поради обидите да ги држат терористите и понатаму што подалеку од Европа и Франција. Аналитичарите за време на интервенциите предупредувале дека главна цел на екстремистите е успон на Исламска држава во Мали, со што таа земја би станала база во која ќе можат да регрутираат и тренираат потенцијални војници на цели во западниот дел од земјата. Французите сепак Мали го сметаат за свој „стражарско двориште“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QE7CsLdrxe0[/embed]
Слично

Поврзани вести