Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Едно од најопасните работни места – поправка на статуата на Исус во Рио

(ВИДЕО) Едно од најопасните работни места – поправка на статуата на Исус во Рио
Започна поправката на статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, која неодамна беше оштетена од удар на гром. Минатата недела во силно невреме и грмотевици настрада палецот на Исус, а минатиот месец му беа оштетени главата и уште еден прст. За да ги изведат поправките, работниците мора да се искачат на статуата висока 38 метри, која се извишува над градот од врвот на планината Корковадо. Надлежните признаваат дека најголема е загриженоста за безбедноста и за време на поправките ќе се воведат вонредни безбедносни мерки. „Нема да ризикуваме. Работниците ќе работат навечер и наутро, кога не се дозволени други посети на објектот“, појасни раководителот на проектот за реставрација Клесио Дутра. Во иднина, ќе биде зајакнат и системот на громобрани на статуата за да се спречат евентуалните штети. Според податоците на метеоролошките служби, статуата на Исус, која е една од главните туристички атракции во Рио де Жанеиро, во просек ја удира гром шест пати годишно. http://www.youtube.com/watch?v=JodA8DS-dcs  
Слично

Поврзани вести