Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ: Светот здружен на глобален протест поради климатските промени

(ВИДЕО) ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ: Светот здружен на глобален протест поради климатските промени

Стотини илјади демонстранти се собрале на протестите ширум Австралија, на денот на глобалните демонстрации во кои се бара акција за заштита на планетата од климатските промени, а во пресрет на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Некои од првите митинзи во „Глобалниот климатски напад“ почнале во најголемиот австралиски град Сиднеј и главниот град Канбери, пренесе Ројтерс.

Австралиските демонстранти ја повикаа својата држава, која е најголем извозник на јаглен, и течен природен гас во светот, да преземат драстични акции за намалување на емисијата на гасови од ефектот на стаклената градина.


"People say #PrayforAmazon. We should stop buying the beef that's being imported from Brazil to Hong Kong."


-Престанете да негирате дека Земјата умира - пишувало на еден транспарент кој децата го носеле во преградието на Сиднеј.

На социјалните мрежи е прикажано како учесниците се собираат ширум земјата, вклучувајќи ги најголемите градови во Австралија и помалите места во внатрешноста.

Слични протести кои ги инспирираше 16 годишната шведска активистка Грета Тунберг, се планираат за денес во околу 150 земји.

Целта е децата и останатите луѓе од цел свет заедно да го изразат ставот за последиците од климатските промени по нашата планета.

Протести почнаа и во Тајланд, Индонезија и Индија.

Штрајкот ќе кулминира во Њујорк кога Тунберг, која е номинирана за Нобелова награда поради својот климатски активизам, ќе го предводи маршот до седиштето на ОН.

Самитот на ОН ќе ги собере на 23 септември светските лидери поради дискусија за стратегијата за ублажување на климатските промени, како премин на обновливи енергетски ресурси од фосилни горива.


Австралискиот министер за финансии Матијас Корман рекол во парламентот дека учениците не треба да учествуваат во ова протестно движење.

-Додека трае школото, децата треба да бидат во школо-рекол Корман.

Даниела Порепилијасна, ученичка во средно школо во западен дел од Сиднеј, рекла дека климатските промени се најголемата заказа за нејзината генерација и дека политичарите треба да се разбудат пред овој предизвик.

Слично

Поврзани вести