Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Една од највисоките згради во Техеран се урна по пожар на горните катови

(ВИДЕО) Една од највисоките згради во Техеран се урна по пожар на горните катови

17-катната зграда во иранската престолнина Техеран, една од највисоките стари згради се урна во живо на телевизија денеска откако пожар ги зафати горните катови, пренесува AFP. 

Според податоците на локалните власти, најмалку 25 лица се повредени во пожарот кој изби во зградата, пред зградата да се сруши, соопшти американското издание The New York Times.

Во зградата, која датира од 60-тите години на минатиот век, има трговски центар и работилници за облека. Таа била евакуирана, но во неа имало пожарникари кои се бореле со пожарот. Полицијата ги блокирала улиците во реонот на 17-катната зграда.


Слично

Поврзани вести