(ВИДЕО) Еден загинат, и неколку повредени во невреме во Анкара
Невремето кое ја зафати турската престолнина Анкара однесе една жртва, а неколку лица се повредени, објави гувернерот на областа Васип Шахин, пренесува турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Повредени се три лица откако се урнало скеле на градилиште. Повредените работници се примени во болница, но и покрај напорите на лекарите, еден од повредените починал. Сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот. Метеоролозите предупредија дека поројните дождови во областа ќе продолжат и во наредните часови.
Во јуни годинава во Анкара имаше поплава, каде загинаа неколку луѓе. Лани во ноември во Турција имаше невреме кое однесе жртви.
Слично
