Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕДЕН ПАТНИК ЈА ПРЕЖИВЕА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Насекаде имало тела, станал и почнал да бега

(ВИДЕО) ЕДЕН ПАТНИК ЈА ПРЕЖИВЕА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Насекаде имало тела, станал и почнал да бега

Eден човек ја преживеа авионската несреќа во Индија. 

„Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа“, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми.

Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си.

За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа во болница и е на лекување“.

Претходно објавената листа на патници, која ја споделија властите, укажува дека станува збор за патникот Вишваш Кумар Рамеш.

Индиските медиуми пишуваат дека разговарале со Вишваш во болницата. Тој ја покажал својата карта за чекирање, на која се гледа неговото име и бројот на седиштето 11A.

„Триесет секунди по полетувањето се слушна силна бучава и потоа авионот се сруши. Сè се случи многу брзо. Кога станав, околу мене имаше тела. Бев преплашен. Станав и почнав да бегам. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме фати, ме стави во возило на брза помош и ме однесе во болница“, рекол Рамеш, пренесе Скај њуз.

Според  локалните власти, досега се пронајдени најмалку 204 тела на местото на несреќата.


Слично

Поврзани вести