Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еден мртов, десет повредени во експлозија на гас во Германија

(ВИДЕО) Еден мртов, десет повредени во експлозија на гас во Германија

Најмалку едно лице загинало а десет се повредени во експлозија во Лудвигшафен во Германија, вели тамошната полиција.

Експлодирал гасовод на едно градилиште, а пламенот се дигнал 200 метри височина, јавува Билд. Порталот на тој весник прецизира дека градилиштето и е отворено за да се поправи гасоводот.

Градилиштето се наоѓа во близина на хемиската компанија БАСФ, наведува Билд.

Од силната експлозија пукнале прозорците на околните куќи, а автомобилите кои биле во близина на несреќата изгореле. Полицијата и колата на Итната помош веднаш тргнале на местото на несреќата а сообраќајот во околните улици е запрен.

Слично

Поврзани вести