Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еден ист мост двапати се урива за две години во Индија

(ВИДЕО) Еден ист мост двапати се урива за две години во Индија

Мост во Индија се урна втор пат за две години. 

Во индиската држава Бихар се случи целосно уривање на недовршен мост. Се гради од 2014 година, а за неговата изградба се потрошени над 200 милиони долари. Мостот требало да биде готов во 2020 година, а последното ветување на локалните власти било дека конечно ќе биде готов во ноември годинава.

Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30 април лани. Тогаш како причина за инцидентот беше наведено дека е лабав кабел, но граѓаните велат дека проблем е корупцијата и употребата на неквалитетни материјали. 

Лани во октомври во градот Морби во Гуџарат, при уривање на мост загинаа 141 лице.


Слично

Поврзани вести