(ВИДЕО) Еден ден пред да бидат погубени, спасени над 70 заложници на ИСИС
Американските специјалисти во соработка со курдските војници успешно извршија спасувачка акција на заробеници на ИСИС во Хевижа, Ирак.
Спасени се повеќе од 70 заложници, кои утредента по утринската молитва требало да бидат егзекутирани.
Во кругот на затворот каде што биле заробени имало и веќе подготвени гробници за нив.
На видеото се гледаат истоштените заробеници, облечени во бела облека облеана со крв.
Во позадина се слушаат и пукотници од престрелката на американските и курдските војници и припадниците на ИСИС.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=78p7Au9U16w[/embed]Во акцијата е убиен командант на американските специјални единици, а тоа е првиот американски војник убиен во Ирак уште од 2011 година, и прва американска жртва во битката со Исламската држава.
Слично
