Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еден ден откако „падна“ договор за житариците, одекнаа експлозии во Одеса, пристаништето е во чад

(ВИДЕО) Еден ден откако „падна“ договор за житариците, одекнаа експлозии во Одеса, пристаништето  е во чад

Во украинскиот град Одеса одекнаа експлозии, а Украинците ги обвинуваат Русите за нападот. 

Неколку експлозии ја погодија Одеса рано изутрината, а причината се уште не е позната, пренесе „Би-Би-Си“.

Нападите се случуваат на еден ден откако Киев и Москва постигнаа договор во Истанбул за деблокирање на извозот на украински житарици. 

Локалниот пратеник Олексиј Хончаренко на Телеграм напиша дека во градот одекнале шест експлозии. 

Имаме доверба во ОН како иницијатор на овој Договор и во институцијата и во нивниот генерален секретар, кој ја вложува својата репутација и способност да обезбеди функционирање на овој Договор и неговото почитување од страна на Русија, која прекрши голем број други договори, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  објави дека Украина има житарици на продажба вредни околу 10 милијарди долари.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести