Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еден ден на небото над Атлантскиот Океан

(ВИДЕО) Еден ден на небото над Атлантскиот Океан
Секојдневно меѓу 2.000 и 3.000 авиони летаат меѓу САД и Канада, од една страна, и Европа, од друга. Во неверојатното видео што го направи британскиот Национален сервис за воздушен сообраќај (НАТС), се гледа секој авион кој поминал низ пет најголеми воздушни простори над северниот Атлантски Океан за само 24 часа во август минатата година. Тој ден на оваа релација летале вкупно 2.524 авиони, а нивното движење врз основа на податоците од радарите, целосно е преточено во видео кое трае две минути. „Европскиот воздушен простор е меѓу најгустите и најсложените во светот. Секојдневно илјадници контролори на летање водат милиони патници безбедно да стигнат до своите одредишта“, вели Пол Бјучамп од НАТС. Погледајте ја оваа „кореографија“ на воздушниот сообраќај над Европа и Атлантскиот Океан и кажете дали е лесно човек да се снајде: http://www.youtube.com/watch?v=LnqshbboDzQ#t=84
Слично

Поврзани вести