Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Џудисти од Тасманија: Му нудиме на Путин почесно членство и борба со премиерот на Австралија!

(ВИДЕО) Џудисти од Тасманија: Му нудиме на Путин почесно членство и борба со премиерот на Австралија!

Џудо клуб од Тасманија му понудил на рускиот претседател Владимир Путин почесно членство и му предложиле џудо-борба помеѓу него и премиерот на Австралија Тони Абот, рекла денеска локалната сенаторка Жаки Ламбие.

Таа рекла дека повикот е за борба на клубот Улверстоун како и нивната мајца ја предала на рускиот амбасадор во Австралија Владимир Морзов, пренесува агенцијата Итар-тас. Доколку дојде до борба, клубот својот влог би го ставил на Путинова победа, рекла сенаторката.

Џудо-борбата на двајцата државјани би била „одлична за меѓународните односни“, смета Ламбие. Таа рекла и дека му се воодушевува на Путин кој служи во интерес на рускиот народ.

Австралискиот премиер Тони Абот планира состанок со претседателот на Русија на маргините на самиотот на 20 најголеми економии (Г20) во Бризбејн во ноември за да инсистира на одговорност за рушење на малезискиот авион во Украина во јули, каде загинаа 298 лица, вклучувајќи и австралиски државјани.

Абот (56) на 13 октомври изјавил дека ќе се пресмета со Путин (62), користејќи го рагби терминот "shirtfront", кој означува момент кога еден играч го зграби противничкиот играч со цел да го собори на земја.

Знаеме дека Путин е џудист, Абот сигурно лошо би поминал.

Погледнете ги способностите на Путин во видеото подолу:

Слично

Поврзани вести