Видео: Џими Кимел со потресно обраќање по масакрот во Лас Вегас
Шоуменот Џими Кимел имаше потресно обраќање по крвавиот масакр во Лас Вегас кога еден напаѓач уби 59 луѓе, а во хаосот уште петстотина се повредени. Кимел има пораснато во градот Лас Вегас, а негови колеги биле дел од концертот пред хотелот Менделеј Беј каде имало публика од 22 илјади.
Кимел иако е комичар го искористи своето шоу да проговори против лобито за оружје кое е многу моќно и не дозволува контрола над продажбата на автоматски пушти и неограничена количина на муниција.
Се верува дека пукачот Стивен Падок имал 17 автоматски пушти, илјадници куршуми, како и дополнително вооружување, вклучувајќи и домашно направени експлозивни направи. Кимел побара од американските конгресмени да воведат нова законска регулатива со која ќе се спречат нови масакри. Погледнете го потресното обраќање на Кимел.
