Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Џихадистите објавија ново видео!

(ВИДЕО) Џихадистите објавија ново видео!

Екстремистите на Исламската држава (ИС) објавија ново видео на кое британскиот фоторепортер Џон Кантли говори дека планира да ја открие вистината за џихадистите.

Снимката во траење од 3.21 минута е објавен на Јутјуб а на нефо Кантли носи портоколаво блуза и говори во камерата на англиски јазик, додека прводот е на арапски.

Агенцијата АФП пренесува дека не се знае каде е снимено видеото и не се гледа „непосредна опасност по неговиот живот“, а Ројтерес наведува дека во триминутното видео Кантли се појавува во добро здравје и ветува дека ќе пренесе некои факти.

„Сега, знам што мислите. Мислите, тoј го прави тоа, бидејќи е затвореник. Има пиштол вперен во глава и е принуден да го направи тоа, зар не. Па, тоа е вистина. Јас сум затвореник. Тоа не го порекувам. Но, бидејќи видов дека сум напуштен од мојата влада и мојата судбина сега лежи во рацете на Исламската држава, немам што да изгубам“, зборува Британецот во објавеното видео.

Кантли, кој работеше за британските весници - Сандеј тајмс и Сандеј телеграф и за француската агенција АФП, фатен е на пат за Сирија, во ноември 2012.

Пред тоа бил заробен заедно со холандски фоторепортер, во Сирија во јули 2012, бил пуштен после девет дена заложништво.

Слично

Поврзани вести