Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Џихадистите го освојуваат Кобане, знаете ли зошто толку многу го посакуваат?

(ВИДЕО) Џихадистите го освојуваат Кобане, знаете ли зошто толку многу го посакуваат?
Исламската држава, радикалната џихадистичка организација, објави видео на кое се гледа како нејзини борци навлегуваат и улица по улица го усвојуваат градот Кобане, на границата меѓу Сирија и Турција. На снимката се гледа како борците на Исламската држава, поддржани од тенкови, влегуваат во градот и со курдските сили водат битка за секоја улица. http://www.youtube.com/watch?v=OhObvbe-FB0 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува градот наскоро да падне во рацете на џихадистите, со што тие опасно ќе се доближат до турска територија. Според него, за да се победат исламистите, неопходна е копнена офанзива, а не само воздушни напади какви што изведуваат САД со коалицијата. Повеќе од 400 луѓе загинаа до сега во битката за Кобане, која трае три недели. Овој стратешки град е од исклучителна важност за џихадистите. Доколку го освојат, тие ќе добијат контрола врз појас од стотина километри вдолж границата меѓу Сирија и Турција. Ова потенцијално може да им дозволи влез и на турска територија. Дополнително, регионот можат да го спојат со Рака, која веќе ја прогласија за своја престолнина.  
Слично

Поврзани вести