Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ѕид повторно го дели Берлин на источен и западен, ама овојпат – СВЕТЛЕЧКИ!

(ВИДЕО) Ѕид повторно го дели Берлин на источен и западен, ама овојпат – СВЕТЛЕЧКИ!
Четвртина век од падот на Берлинскиот ѕид ќе биде одбележана со поставување на дури 8.000 светлечки бели балони, кои ќе ја покажуваат позицијата на која поминуваше ѕидот што цели 29 години ја делеше источната од западната половина на градот. Од 7 до 9 ноември балоните ќе бидат поставени по должина од 15 километри, во рамките на проектот „Граница на светлината“. Дизајнирани се да евоцираат спомени на демонстрациите во Источна Германија пред падот на ѕидот, кога илјадници луѓе носеа свеќи и мирно искажуваа незадоволство. Освен тоа, поставувањето на балоните долж трасата на која одеше ѕидот треба да послужи како силен симбол и показател на величината проектот и поделеноста што требаше да ја зачува. http://www.youtube.com/watch?v=CrnBYAiMj8s
Слично

Поврзани вести