Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Две бомби фрлени врз медиумски магнат во Хонг Конг

(ВИДЕО) Две бомби фрлени врз медиумски магнат во Хонг Конг
Домот и канцеларијата на критичарот на Пекинг, кој одигра важна улога во продемократските протести минатиот месец во Хонг Конг, медиумскиот магнат Џими Лај, денес беа мета на напади со молотови коктели, во кои нема повредени. Двата напади се случиле речиси истовремено во текот на ноќта, пред два часот по полноќ, кога импровизирани експлозивни направи биле фрлени врз неговиот дом и во седиштето на неговата компанија „Next media“ која го објавува дневникот „Apple daily“. „Случаите се класифицирани како подметнување пожар. Ние и понатаму ќе ги проверуваме деталите“, рекла портпаролката на полицијата за агенцијата „АФП“ и додала дека, за сега, никој не е уапсен. Снимката од безбедносните камери која ја објави „Apple daily“ на својот сајт покажува маскиран маж како фрла запалена стаклена амбалажа врз вилата на Лај во Хонг Конг, која веднаш експлодирала по што осомничениот веднаш се упатил кон својот автомобил и избегал. И снимките од пред седиштето на компанијата на медиумскиот магнат исто така забележале запалена амбалажа која била фрлена во влезот на зградата. Лај бил мета на напад и за време на протестите кога група учесници на контрамитинзите фрлале со расипано месо по него, а натписите во неговиот дневник поголем број пати беа предмет на критики на следбениците на официјален Пекинг. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=qoJcUl-Ix7M[/embed]
Слично

Поврзани вести