Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Две беспилотни летала соборени над Крим – што снимале?

(ВИДЕО) Две беспилотни летала соборени над Крим – што снимале?
Локалните украински медиуми на Крим објавуваат дека две беспилотни летала од американско производство биле соборени на Кримскиот Полуостров. На Јутјуб се појавија снимки од едното летало, кое снимало воени позиции на Крим пред да биде соборено. Според локалните медиуми, најверојатно станува збор за беспилотни летала од типот MQ-9 Рипер, кои биле необележани и за кои не може да се утврди кој ги управувал и со каква цел биле на Крим. Но, на снимката од едното летало јасно се гледа дека тоа ги снима воените позиции. Потоа војниците тоа го забележале и се обиделе да го попречат снимањето со ласери. http://www.youtube.com/watch?v=LqJyvQQ2tv0 Силите на НАТО од вчера започнаа да ја надгледуваат територијата на Украина, но според информациите во операцијата не се вклучени беспилотни летала, туку само авиони Авакс, кои ја набљудуваат украинската територија само од соседните Полска и Романија.
Слично

Поврзани вести