Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРЖАВНИЦИТЕ ПРИСТИГНУВААТ ВО МОСКВА: Украина нападна со дронови, работата на аеродромите беше попречена

(ВИДЕО) ДРЖАВНИЦИТЕ ПРИСТИГНУВААТ ВО МОСКВА: Украина нападна со дронови, работата на аеродромите беше попречена

Додека странски државници пристигнуваат во Русија по повод Денот на победата, Украина изврши напади со дронови и го попречи работењето на аеродромите. 

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските противвоздушни сили до средата наутро уништиле најмалку 14 украински дронови, пишува „Ројтерс“.

Клучните аеродроми во Москва не функционираа поголем дел од ноќта, а националниот авиопревозник Аерофлот соопшти дека го менува распоредот на летови.

Се очекува 29 светски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, да присуствуваат на одбележувањето на Денот на победата во Втората светска војна во Москва.

Српскиот владин авион, во кој се наоѓаше српскиот претседател Александар Вучиќ, слета во Москва, објави порталот „Русија 24“. Вучиќ замина во најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Латвија и Летонија му забранија прелети, а тој слета во Баку и потоа продолжил во Русија. Украина предупреди дека не ја гарантира безбедноста на лидерите кои на 9 мај ќе бидат во Москва. 


Слично

Поврзани вести