Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРЖАВЕН УДАР ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Украден полициски хеликоптер, гранатиран Врховниот суд, повици за симнување од власт на Мадуро

(ВИДЕО) ДРЖАВЕН УДАР ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Украден полициски хеликоптер, гранатиран Врховниот суд, повици за симнување од власт на Мадуро

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјавил дека украден полициски хеликоптер испалил две гранати на зградата на Врховниот суд во Каракас, истакнувајќи дека е спречен терористички напад чија цел било негово симнување од власт.


„Ги активирав сите вооружени сили да го бранат мирот. Порано или подоцна, ќе го најдеме тој хеликоптер и оние кои го извршија нападот“, рекол Мадуро во вторникот вечерта од претседателската палата.

Мадуро наведува дека во нападот никој не е повреден и дека една од испалените гранати не експлодирала.


„Можеше да има десетици мртви“, рекол Мадуро пренесе Ројтерс.

Според неговите зборови, хеликоптерот кружел и над зградата на министерството за правда и внатрешни работи.

Мадуро тврди дека со хеликоптер управувал пилот кој работел за екс министерот за правда и внатрешни работи Мигел Родригез Торес.

АП наведува дека говорот на Мадуро во живо го пренесувала телевизијата и дека претседателот на Венецуела во некои делови говорел смирено, а во некои луто.


Претходно во вторникот Мадуро ги повтори тврдењата дека постои обид за државен удар, кој го поддржуваат САД, предупредувајќи го Трамп дека Венецуела против тоа ќе се бори.

„Ако Венецуела биде вовлечена во хаос и насилство...ќе се бориме“, порача Мадуро пред приврзаниците.

Слично

Поврзани вести