Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРУГИТЕ ЗАМИНАЛЕ, А ТИЕ НЕМАЛЕ КАДЕ ДА ОДАТ: Семејство загина при уривање на зграда во Турција

(ВИДЕО) ДРУГИТЕ ЗАМИНАЛЕ, А ТИЕ НЕМАЛЕ КАДЕ ДА ОДАТ: Семејство загина при уривање на зграда во Турција

Спасувачките екипи во Турција завршија со потрагата по семејството Билир, кое загина при уривање на станбена зграда. Претходно беа пронајдени телата на две деца – 12-годишниот Емир и неговата сестра Хајрусине (14), додека 18-годишната Дилара е извлечена жива од урнатините.

По 19 часот, спасувачите го извлекле и телото на родителите, Емина и Левент Билир. Причините за уривањето на зградата, што се случило вчера околу 7:30 часот по локално време, сè уште не се познати, соопштија локалните власти.

Екрем Мараз, сопственик на продавница во близина, рече дека Левент бил нивен редовен клиент и дека семејството немало каде да се исели.

„Бидејќи не можеа да се забележат пукнатини во ѕидовите или столбовите, изведувачот и општинските службеници не рекоа ништо за затворање на зградата“, истакна тој.

Другите жители сепак се иселиле, но семејството Билир останало во станот. Во урнатините беа пронајдени фотографии и предмети што му припаѓале на семејството, а една порака на ѕидот, посветена на 14-годишната Хајрусине, особено ги растажи сите: „Среќен роденден, наше средно дете“.

Експертите ќе ги утврдат причините за несреќата. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести