ВИДЕО: Дронови паднаа во близина на аеродромот во Дубаи: Има повредени, меѓу патниците завладеа паника
Четири лица се повредени откако два ирански дрона паднале во близина на аеродромот во Дубаи, пренесува „Ал Џезира“. Инцидентот предизвикал краткотрајна паника меѓу патниците, кои добиле инструкции да се оддалечат од стаклените површини и да се засолнат во заштитени делови од аеродромот.
Според достапните информации, меѓу повредените има двајца државјани на Гана, еден државјанин на Бангладеш и еден државјанин на Индија.
Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека воздушниот сообраќај на аеродромот во Дубаи во моментов функционира нормално, и покрај инцидентот.
Во меѓувреме, Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека се извршени нови бранови напади во рамки на операцијата „Право ветување 4“, насочени кон, како што наведуваат, чувствителни и стратешки американски и израелски цели во регионот.
Според нивните тврдења, нападите биле насочени и кон американската база Ал Удеид во Катар, кампот Арифџан во Кувајт и базата Харир во Ирак.
Дополнително, иранската војска објави дека извршила и масовен ракетен напад врз американската Петта морнаричка флота во регионот. Иранската агенција ИСНА наведува дека во нападите била уништена оперативна инфраструктура на американската војска, оценувајќи ја операцијата како „најразорна од почетокот на конфликтот“.
Србија данасФото:Принтскрин/Твитер/TheCaspianPost
