Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

Напад имаше во чеченската престолнина Грозни, а лидерот Рамазан Кадиров се заканува со одмазда. Вели дека зад нападот стои Украина. 

Дронот го пресретнале над касарната на специјалниот полициски полк.

„Со полесни повреди се здобиле четворица чувари. Дежурниот персонал бил во заштитени простории во моментот на нападот“, напиша Кадиров. 

Експлозијата го оштетила покривот и ги искршила стаклата, додека од паѓањето на остатоците настанал пожар. Кадиров го опиша инцидентот како „бедна акција“ и рече дека тоа само ја зајакнало решителноста на Чеченија. Тој се закани дека резервните сили од 84.000 доброволци се „подготвени за мобилизација“.

„За овие четворица ранети ќе елиминираме 400 украински војници“, вели Кадиров. 

Руското Министерство за одбрана информира дека 16 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени во текот на ноќта, вклучувајќи еден во Чеченија, три во Северна Осетија, четири во регионот Курск и осум над Крим.

Минатата среда, на 4 декември, украинско беспилотно летало го погоди покривот на истата касарна на специјалниот полк и бензинска пумпа во Грозни. Тогаш беа повредени цивили. 

Добро упатени извори во украинските специјални служби, кои анонимно зборувале за Киев пост, го потврдиле нападот со дрон. Сепак, тие посочија дека тоа најверојатно го извршиле Дагестанците, гаѓајќи го Универзитетот на руските специјални сили, истакнувајќи дека тоа би можело да биде „продолжение на претходниот конфликт со силите на Кадиров“.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Има најави дека наскоро е можен договор за завршување на војната. 


Слично

Поврзани вести