(ВИДЕО) Дрон на американската војска се врати од тајна вселенска мисија
Американската војска го приземји своето вселенско беспилотно леталот (дрон) во воената база Вандерберг во Калифорнија и со тоа го означи крајот на мисијата во траење од 22 месеци, која беше обвиена во тајност.
X-37B е автономно летало со должина од девет метри, кое потсеќа на спејс-шатл леталатана НАСА, само во помала верзија. Леталото слета во петокот наутро по калифорниско време, а во орбитата на Земјата била лансирана со помош на Атлас 5 ракета од Кејп Канаверал на 11 декември 2012 година.
Во земјината орбита поминало речиси две години изведувајќи непознати експерименти. Мисијата ја водело Бирото за брзи акции на американското воено воздухопловство.
http://www.youtube.com/watch?v=9M3DQKCfNsI
Ова е трет пат леталото да се наоѓа во вселената. Првиот пат во 2010 година остана таму осум месеци, а втората мисија во март 2011 година траеше 15 месеци.
Американското воено воздухопловство соопшти само дека дронот произведен од Боинг изведувал операции за „намалување на ризик, експерименти и развојни концепти за делување за технологиите за вселенски летала кои можат повеќекратко да се користат“. Се разбира, и цената на експериментите не е откриена и е означена како тајна.
Слично
