Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дрaматични протести во Иран - можно ли е да падне режимот?

(ВИДЕО) Дрaматични протести во Иран - можно ли е да падне режимот?

Иранскиот режим ги доживува најопасните моменти во својата 47-годишна историја. Има масовни протести поради лошата економија. 

Нема интернет, а телефонските линии се исто така прекинати. Организацијата за следење на интернет NetBlocks потврди драматичен пад на поврзаноста во Иран вечерва.


Според нивните податоци, дошло до целосен прекин на врската на главниот државен оператор (TCI) во Керманшах, град кој стана едно од жариштата на отпорот. Во исто време, BBC и CBS News известуваат за „дигитално затемнување“ во самиот Техеран, каде што телефонските линии и интернетот беа прекинати веднаш откако протераниот наследник на престолот повика на масовни протести.

Повод за експлозијата на незадоволство беше целосниот пад на иранскиот риал, кој на 6 јануари достигна историски минимум од 1,5 милиони за еден американски долар, објавува Ал Џезира. Со инфлација на храната од 72 отсто, животот на просечниот Иранец стана практично неодржлив.

Во очаен обид да купи социјален мир, Би-Би-Си објави дека владата во Техеран објавила вонредна мерка: месечен надомест од 7 долари (околу 6,5 евра) за 71 милион граѓани.

foto printskrin


Слично

Поврзани вести