Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Драматично спасување: Аутистично момче 5 дена талкало во австралиската шума!

(ВИДЕО) Драматично спасување: Аутистично момче 5 дена талкало во австралиската шума!
Спасувачите го пронајдоа 11 годишното аутистично момче, кое пет дена помина изгубено во австралиската шума. Лук Шамбрук е забележан во понеделникот во Националниот парк Ферјзер, три километри од фармата на своите родители каде се изгубил во петокот утрото. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AcgLE3pql80[/embed] „Кажано ни е дека Лук е добро, дека е исцрпен, страда од хипотермија и дека дехидрирал“, рекол полицискиот командант Рик Њујџент за новинарите. „Родителите се пресреќни“, додал тој. Повеќе од 120 трагачи ја пребаруваа густата шума во државата Викторија во потрага по момчето, а се стравуваше дека можеби се удавило во блиската шума, во чија близина подоцна е пронајдено. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Psg_6j2z5uM[/embed] Лука го спасила екипата на хеликоптерот, а еве ја таа драматична акција:  
Слично

Поврзани вести