(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО: Еве како унгарските пожарникари се справуваа со огнот во селото Брезница
Пожарникарите од Унгарија објавија видео од гаснењето на големиот пожар во Македонија.
Унгарските пожарникари во саботата си заминаа од Македонија, по 10-дневните интервенции воглавно врз пожарот во селото Брезница.
Унгарија на 1 август испрати тим од 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.
Пред нивното заминување, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов оствари средба на којашто обострано беше искажана благодарност за добрата соработка. Повеќе земји помогнаа за гаснење на пожарите во земјава.
Слично
