Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Морничави сцени од земјотресот во Италија

(ВИДЕО) Морничави сцени од земјотресот во Италија

Италијанските медиуми јавуваат дека од претпазливост е прекинат железничкиот сообраќај на Јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините.

Италија утрово околу седум часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Иако првичните информации беа дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, сепак медиумите од таа земја, јавија дека сепак бил со помал интензитет.


Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на шеесетина километри од Римини, а граѓаните сега почнале да пријавуваат оштетувања на ѕидови или згради. На социјалните мрежи кружат веќе видеа од штетите.

- Денеска, 9 ноември 2022 година, во 7 часот и 7 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Магнитудата на земјотресот била 5,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван низ цела Хрватска - соопшти Сеизмолошката служба на ЧП.


Италијанските медиуми јавуваат дека од претпазливост е прекинат железничкиот сообраќај на Јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините.



Слично

Поврзани вести