(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ ПРОГНОЗИ НА ПОЗНАТИОТ ФИЗИЧАР: Океаните ќе превријат, ќе живееме како во пекол
Земјата ќе стане врела планета, со океани кои вријат и кисели дождови, доколку луѓето не ги запрат климатските промени, тврди физичарот Стивен Хокинг.
„Се поблиску сме до точка кога глобалното загревање ќе го турне светот во пекол од кој нема враќање. Потезите на Доналд Трамп би можеле да ја гурнат земјата преку работ, а нашата планета да стане како Венера со температура од 250 степени и дождови од сулфурна киселина“, изјавил Хокинг за БиБиСи, коментирајќи ја одлуката на Трамп да ги повлече САД од парискиот климатски договор.
Многу експерти меѓутоа сметаат, дека сценариото на Хокинг е многу драматично.
„Земјата во однос на Венера е многу подалеку од Сонцето и со оглед на нејзиниот хемиски состав никогаш нема да имаме толку густа атмосфера од јаглен-диоксид. Затоа не е веројатно дека Земјата ќе се загрева до 250 степени. Сепак, сеопштиот тренд на катастрофални климатски промени е загрижувачки“, истакнуваат експерти.
„Хокинг всушност сакал да предупреди дека животот на планетата ќе биде неиздржлив ако не ги отстраниме опасните климатски промени“, истакнал Мајкл Мен, научник за клима од Унверзитетот Пенсилванија.
„На земјата во релативно неодамно минато, во текот на епохата пред околу 56-34 милиони години, било значајно потопло, а нивото на јаглед диоксид во атмосферата три пати поголемо од денес.
