Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРАМАТА ВО ПАРИЗ ПРОДОЛЖУВА: Тројца мртви, пет уапсени, жена се разнесе со експлозив

(ВИДЕО) ДРАМАТА ВО ПАРИЗ ПРОДОЛЖУВА: Тројца мртви, пет уапсени, жена се разнесе со експлозив

Француската полиција во северниот дел на Париз рано утрово покренала голема операција на апсење осомничени за терористичките напади од петокот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/p53pz6f1Oww[/embed]

Како што јавуваат локални медиуми, во Сан Дени се слушнало пукање, а се работи за обид на полицијата да ги фати лицата кои на некој начин се поврзани со нападите од петокот во кои се убиени најмалку 129 лица, а повредени повеќе од 350.

Телевизија БФМ ТВ јавува дека полицијата го гони деветиот бомбаш, за кој после прегледите на безбедносните камери се потврдило дека побегнал после нападот.

8:59 – пет уапсени

Pariz_961181S1

Полицијата потврдила дека жената која го активирала експлозивот е мртва. Три мажи кои се криеле во станот на осомничениот се уапсени. Уште една жена и маж се одведени во притвор, а се наоѓале во непосредна близина на станот.

8:39 – Полицијата го уапсила човекот кој им го издавал станот на терористите, во Сан Дени.

8:15 – Еден од двајцата терористи убил полицаец,а една жена се разнела откако отворила оган на полицајците кои го обиколиле станот. 

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2kPlbcLiCVA[/embed]

7:45- Уште не се знае каква е судбината на Абделхамид Абауд, Салах Абдеслам и неименуваниот „девет напаѓач“. Да потсетиме, 28-годишниот Абауд се смета за „мозок“ на терористичките напаид кои во петокот однесоа 129 живот во Париз за кој се мислело дека е во Сирија.

Со него наводно и е Салах Абдеслам, за кој се смета дека бил соучесник во  нападите и кој е во бегство од петокот. Неговиот брат Браихм се разнесе во текот на петочните напади во Париз.

Слично

Поврзани вести