(ВИДЕО) ДРАМА ВО УКРАИНА: Евакуирани 500 рудари кои ги потрупа граната!
500 рудари се заробени во рудник откако граната погодила електрана во Доњецк. Надлежните информираат дека сите 500 рудари се успешно евакуирани.
Украинска артилерија ја погодила електраната околу 12 часот по локално време во киевскиот регион на Доњецк, изјавил претставник на локалниот сервис за итни состојби.
Никој од рударите не е во животна опасност и сите рудари се евакуирани потврдил уште еден претставник .
„Отприлика во 12 часот регистриравме експлозија во една од нашите електрани кои испорачува електрична енергија во рудникот Засијадко - 496 рудари моментално се заробени. Подготвени сме да ги евакуираме“, се додава во соопштението.
Претставник на неименуваното сепаратистичко министерство за одбрана рекол дека 110 рудати веќе се спасени во првите минути на губењето на електрична енергија.
Инцидентот се случил во Засијадко рудникот, кој е еден од најзначајните за украинската рударска индустрија.
Конфликтот помеѓу проруските војници и владини сили на истокот од Украина однел речиси 5100 животи во последните 9 месеци.
