Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРАМА ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ: Се преврте брод со 700 либиски емигранти

(ВИДЕО) ДРАМА ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ: Се преврте брод со 700 либиски емигранти

Брод со 700 мигранти се преврте во Средоземното море, а се стравува дека настрадале повеќе стотици лица, соопштила италијанската крајбрежна стража.

Досега се спасени 28 лица.

MAP-Lampedusa

Рибарскиот брод превезувал помеѓу 500 и 700 мигранти кога се превертел околу полноќ по локално време, јужно од италијанскиот остров Лампедуза. Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјавил дека бродот се превртел околу 200 км од Лампедуза и околу 27 км од брегот на Либија.

Досега се пронајдени 21 тело, а во операцијата на спасување се вклучени 20 бродови и три хеликоптери.

„Засега ова е операција на барање и спасуваење, но за некое време ќе стане само потрага (по телата)“, изјавил порпаролот на крајбрежната стража.

emigranti-sredozemno-more-foto-printscreen-yt-1429434998-643461

Тие имале среќа.

Слично

Поврзани вести