Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Драма во Шпанија, украл камион и возел низ Барселона

(ВИДЕО) Драма во Шпанија, украл камион и возел низ Барселона

Шпанската полиција денеска околу 11 часот пукала во маж кој со камион полн со боци со гас возел во спротивна насока кон центарот на Барселона. 

Камионот полн со боци со гас со голема брзина возел кон центарот на градот, а полицијата пукала во обид да го сопре. Возачот сепак не е повреден. Инцидентот на својот профил на Твитер го објави и каталонската полиција.

Весникот Лавангардија пишува дека камионот бил украден. Мажот што го возел камионот по инцидентот е префрлен во болница, иако не бил повреден, а објавен е и неговиот идентитет. Станува збор за шведскиот државјанин Јоаким Робин Бергрен, роден во 1984 година.

За време на брканицата по улиците на Барселона од камионот паднале неколку боци, а една од нив повредила жена. Каталонската полиција објави дека возачот оштетил и неколку автомобили.

На лице место имало 20-тина полицајци и шест полициски возила, а на шофершајбната на камионот се гледале дупки од куршуми.


Сѐ уште не се знае дали станува збор за терористички напад, но сведоците тврдат дека возачот, по излегувањето од камионот, се однесувал необично, како под дејство на дрога.


Слично

Поврзани вести