Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Драма во Индонезија: Најмалку 30 лица загинаа во пад на воен авион врз зграда!

(ВИДЕО) Драма во Индонезија: Најмалку 30 лица загинаа во пад на воен авион врз зграда!

Најмалку 30 лица загинаа кога воен авион се урна врз стамбени згради во градот Медан на Суматра, но се стравува дека бројот на жртви ќе биде уште поголем бидејќи се знае дека во авионот имало 12 членови на екипажот, а не се знае колку патници имало.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/rriwow/status/615763254845947904/photo/1[/embed]

Дописникот на Ал Џезира Стефани Декер напишал на твитер дека пилотите барале да се вратат во базата после полетувањето бидејќи нешто не било во ред. Откако авионот се свртел истиот момент се урнал, напишал Декер.

Pad-aviona-u-Indoneziji-3

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/karobukanbatakk/status/615765241427693568/photo/1[/embed]

Фотографиите поставени на социјалните мрежи ги покажуваат размерите на уништеното, црн дим кој се шири од местото на падот на авионот и стамбена зграда во пламен, додека масата набљудувачи се собираат на местото на несреќата.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/kondekturbus_/status/615758788969103360/photo/1[/embed]

Според најновите информации, авионот се урнал врз хотелот во Медан.

Pad-aviona-u-Indoneziji-1-620x350

Портпаролката на болницата во Медан рекла дека до сега се донесени 20 тела. Според нејзините зборови, двајца жители на стамбената згрда се во критична состојба.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0MPbMdbQVq8[/embed]

Слична несреќа се случи во Медан пред десетина години, кога Боинг 737 на авиокомапнијата Мандала се урнал после полетувањето од аеродромот во стамбената зграда усмртувајќи 143 луѓе, од кои 30 биле во згради.

Со популација од 3,4 милиони, Медан е трет најголем град во Индонезија, после Џакарта и Сурабеја.

Слично

Поврзани вести