Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРАМА ВО ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ: Најмалку 30 луѓе затрупани во снег, не се знае дали се живи!

(ВИДЕО) ДРАМА ВО ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ: Најмалку 30 луѓе затрупани во снег, не се знае дали се живи!

Лавина го погодила францускиот ски центар Тињ, а медиумите јавуваат дека најмaлку триесеттина луѓе се наоѓаат потрупани во снег.


Според првичните информации лавината ја покренале скијачи кои се наоѓале на повисоките нивоа.

Локалната полиција јавува дека моментално се на терен и дека е во тек акција на спасување. Поеднини медиуми шпекулираат дека загинале четири лица а дека повеќе од 30 се потрупани.

Француските медиуми пренесоа дека операцијата на спасување е отежната поради лошата видливост а неколку хелокоптери се на лице место.


Целото подрачје е затворено а „маса снег и лед“ се урна на патеката Карлин во подрачјето на Савоа. Во моментот на придвижување на лавината над стотици скијачи и сноубордери биле на патеката.

„Имаше преупредувања за лавината, но оваа се случи на патеката која била набљудувана. Условите многу ја отежнуваат акцијата на спасување“, рекле во полицијата каде што потенцираат дека се вклулени и кучиња трагачи.

Паниката стигна околу 10 часот утрото кога целата област е затворена.

Минатиот месец четворица скијачи загинаа кога лавина ги потрупа надвор од регуларните ски патеки.

Слично

Поврзани вести