Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дождот не ги спречи Њујорчани да ја дочекаат Новата година со Кристина Агилера на Тајмс сквер

(ВИДЕО) Дождот не ги спречи Њујорчани да ја дочекаат Новата година со Кристина Агилера на Тајмс сквер

Граѓаните и туристите во Њујорк 2019-та ја дочекаа на Тајмс сквер со традиционално спуштање на кристалната кугла и настапи на американски ѕвезди.

На насобраната толпа не и пречеше дождот да ужива во настапите на Кристина Агилера и Биби Рекс, која во пресрет на спуштањето на куглата на полноќ го испеа хитот на Џон Ленон „Imagine“.


Влезот во Новата година во Њујорк беше следен со зголемени мерки на безбедност.

Бил планиран и дрон, кој требало да ја надлетува разиграната маса на Тајмс сквер, меѓутоа, како што пренесуваат светските медиуми поради лошото време тоа не било изводливо.

Насобраните платиле по 10 долари за пластично пончо наметки за да се заштитат колку толку од дождот.


Фото: Epa

Слично

Поврзани вести