Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОРИЈАН „ГОЛТА“ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Флорида следна на удар на најсилниот ураган кој ги погодил Бахамите

(ВИДЕО) ДОРИЈАН „ГОЛТА“ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Флорида следна на удар на најсилниот ураган кој ги погодил Бахамите

Историска трагедија прави во моментов ураганот Доријан a следна на удар е Флорида.

Според официјални бројки досега петмина настрадале на бахамските острови Абако а ова е најсилниот ураган некогаш забележан на Бахмите каде се задржал скоро 40 часа.

Доријан , како што пренесоа медиумите од светот е лоциран на околу 170 км источно од Вест Палм Бич и беснее со ветер од околу 205 км/ч.


Ураганот оставил бројни куќи поплавени и продолжил да се движи кон Источниот брег каде се евакуирани повеќе од милион жители, пренесе Ројтерс.

Жителите на Флорида се предупредени дека ги напуштаат засолништата, додека ураганот на помине.

Премиерот на Бахамите Хубер Минис рекол дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахами се сериозни загрозени, а спасувачи ќе тргнат во акција откако временските услови ќе дозволат.


Слично

Поврзани вести