Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Доњецк: Борби околу рушевините на аеродромот

(ВИДЕО) Доњецк: Борби околу рушевините на аеродромот
Проруските бунтовници од април 2014 година се обидуваат да го заземат аеродромот во Донецк и околу него водат најтешки борби, иако не е во функција бидејќи од него останати се само рушевини. Во жестоките судири на бунтовниците и украинската војска, до сега настрадаа повеќе стотици лица, разрушена е инфраструктурата, но се уште јасно не се „наѕира“ победник. Во понеделникот на бунтовниците им тргна од рака и успеаа да го дигнат во воздух првиот кат од новиот терминал. Една недела пред тоа беше срушена и контролната кула која се најде под „ураганска“ стрелба. Сега просторот на аеродромот потсетува на апокалиптична сцена од компјутерска игра. Срушени делови од згради, сиво – црни исгорени рушевини, извиткани челични конструкции... „95 отсто од аеродромот е под наша контрола“, истакнува Александар Захарченко, лидерот на самопрогласената Народна Република Донецк. Слични изјави тој имаше дадено и претходно но се испостави дека истите се прерано дадени. Овој пат сепак се изгледа поинаку. Бунтовниците ги интензивирале нападите на аеродромот поради што очигледно се забележани и успеси. Украинската војска на ова реагирала покревајќи противофанзива. Исходот од досегашните пресметки и понатаму останува отворен. Тешки борби се водат и во две соседни села, Писк и Авдијивк кои до сега украинските сили ги користеле како рута за снабдување. Токму во овие села може да биде решена судбината на аеродромот. Положбата на аеродромот по се изгледа е клучна за милионскиот Донецк, град кој се наоѓа во срцето на Донбас, регион богат со јаглен. Аеродромот од централното градско подрачје е оддалечен на само десетина километри.   [embed]http://www.youtube.com/watch?x-yt-ts=1421782837&v=0HWdvdkJx-E&x-yt-cl=84359240[/embed]    
Слично

Поврзани вести