Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДОЊЕЦК: Граната убила 13 лица во тролејбус!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДОЊЕЦК: Граната убила 13 лица во тролејбус!

Тринаесет лица загинале утрово во Доњецк кога граната погодила тролејбус во делот на градот кој досега бил воглавно поштеден од судирте, рекол претставник на градските власти.

„Дванаесет лица се убиени во тролејбус а едно лица загинало во возило кое поминувало во близна“, рекол претставник од итната служба на Доњецк.

Тој извор додал дека десетици лица се повредени.

Во последните денови се зголеми насилството во Доњецк и околу него, а се интензивираа и борбите за контрола на аеродромот кој има симболична вредност за двете страни.

Украинското министерство за одбрана соопштило дека војниците на украинската војска ја напуштиле зградата на терминалот на аеродромот во Доњецк бидејќи тие положби се погодени од артилериски оган.

Портпаролот на украинската војска рекол дека борбите продолжуваат околу аеродромот.

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина вчера после состанокот во Берлин повикаа на „прекин на непријателствата“ на истокот од Украина.

Слично

Поврзани вести