Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Доналд Трамп со нов скандал: „Исламска држава“ ја создадоа Хилари Клинтон и Обама

(ВИДЕО) Доналд Трамп со нов скандал: „Исламска држава“ ја создадоа Хилари Клинтон и Обама

Милијардерот Доналд Трамп, кој е кандидат на Републиканската партија за следен претседател на САД, на суров начин ги критикуваше активностите на сегашниот претседател Барак Обама и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон. Тој отиде до таму што ги обвини нив дека ја создале „Исламска држава“ на предизборна средба во Мисисипи, соопштија светски медиуми.

Поводот за острите зборови на Трамп биле немирите во иранскиот град Техеран, каде во измината ноќ демонстрантите ја нападнале амбасадата на Саудиска Арабија.

„Хилари Клинтон ја создаде „Исламска држава“ заедно со Обама. Да, добро знам што зборувам- заедно со Обама. Двајцата имаат околу себе една прилично голема група луѓе кои немаат ниту чест, ниту морал и работат со нив“, изјавил Трамп.

Милијардерот постојано ја критикува Клинтон, која исто така е кандидат за претседателската функција во САД од партијата на демократите. Според грешките на Клинтон додека била државен секретар на САД била причина за загинувањето на стотици невини луѓе во Блискиот Исток. Во говорот на омраза во однос на соперничката, Трамп често користи непристоен речник.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QcEMH5YuI6E[/embed]
Слично

Поврзани вести