Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОНАЦИЈА ОД МОСКВА: Жените на загинатите руски војници добија бунди

(ВИДЕО) ДОНАЦИЈА ОД МОСКВА: Жените на загинатите руски војници добија бунди

Сопругите на руските борци кои загинаа во Украина, на подарок добија бунди. Се појави видео од донацијата на Твитер. 

Вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди кои ги донираше доставувач од руската престолнина Москва. На видеото се гледа како облеката им се предава на жените во Макиевка, во областа Донецк која Русија ја окупираше. 

Мирослава Регинскаја, која ги организира донациите, вели дека ова е подарок за жените на загинатите бранители. 

Меѓу добитниците на бунда се најде и Наталија Денисјук, вдовица на Јуриј Денисјук (35).

„Вдовиците на елиминираните регрути од таканаречениот ДПР добија бунди како компензација за смртта на роднините. Судејќи според видеото, тие се среќни. Дали навистина останале без пари и почнале да делат бунди?“, пишува во твитот објавен од белоруската мрежа „Некста“ потсетувајќи како семејствата на паднатите Руси претходно добивале пари или „лада“ како компензација.


Русија не објавува податоци за загинати војници, но се смета дека загубите се над 100.000 според податоците кои ги објавува украинската страна. 

Украина очекува дека Русија наскоро ќе почне голема офанзива. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

И жителите на Молдавија се плашат дека војна може да избие и на нивно тло. 

Слично

Поврзани вести